Подобрете го вашето искуство со паметниот дом со имплементирани решенија за паметно осветлување, греење/ладење, автоматизација на домот, паметна безбедност итн.
ВОВЕД
Со цел да ви овозможиме едноставено решение за паметно домување, Energy Intelligence обезбедува De-house решение за паметно домување.
Ова решение подразбира 7 паметни системи: паметно осветлување, паметна безбедност, централно греење/ладење, далечинска контрола на уреди, контрола на пристап, паметни завеси и управување со енергијата.
ПОВОЛНОСТИ
Едноставна инсталација. Без потреба од дополнително ожичување при користење на ZigBee Wi-FI технологија
Удобност. Интерактивен и едноставен за користење
Безбеден Cloud. Достапна Cloud платформа за паметни домови
Компатибилност. Можност за поврзување со уреди од различни брендови
Ниска потрошувачка на енергија. ZigBee комуникацијата е стабилна и безбедна
Решенија за паметни деловно простории
Паметно осветлување и контрола на проток на енергија за деловни простории. Решенија кои обезбедуваат заштеда на енергија и поефикасна контрола на деловните простории со заштеда дури до 30%.
ВОВЕД
Green Office решението е дизајнирано за деловни канцеларии, мали и средни претпријатија. Претставува решение кое содржи паметно осветлување и контрола на енергијата.
Со моменталниот безбедносен систем и контрола на потрошувачката, се обезбедува удобна и паметна средина во вашата канцеларија.
ПОВОЛНОСТИ
24 часовна далечинска контрола и управување
Контрола на потрошувачката на енергија по сектори, дистрикти и датуми
Автоматско подесување на осветлувањето и централна климатизација согласно условите на средината
Зачувување на податоци и анализа со Cloud сервер, кој нуди решенија за заштеда на енергија за компанијата
Едноставно ракување, зголемена ефикасност
Решенија за паметни хотели
Интегрирани системи со вклучено осветлување, паметни ролетни и завеси, аудио/видео, климатизација итн. за удобно и различно хотелско искуство.
ВОВЕД
WeHotel претставува иновативен и паметен систем за управување со хотели, кој е базиран на иновативна Интернет-на-нештата и мобилна технологија.
WeHotel решението може ги следи и управува уредите локално и далечински, да го оптимизира управувањето и да заштеди енергија, се со цел да се намалат крајните трошоци за енергија.
ПОВОЛНОСТИ
Далечинска контрола и управување на уредите
Едноставно пријавување со Wechat или преку апликација
Разновидни паметни сцени: за време на спиење, сцена за добредојде, сцена за исклучување на светлото, сцена за check-out.
Wireless контрола на соба, едноставна инсталација, промена и одржување