Услови на гаранција
Гаранција од една година следува за сите уреди на ORVIBO, освен доколку не е назначено поинаку во моментот на купување. Додатоците имаат гаранција од шест месеци. Датата на гаранција почнува да важи од денот на купување на продуктот.
Следните случаеви, не ги покрива гаранцијата.
1. Чистење на продуктот и знаци на потрошеност при користење во нормални услови (како нормална промена на боја на куќиштето, додатен ден, потрошеност и старост од користење) нормално абење од износеност, губење, злоупотреба или кражба од било кој вид.
2. Било која штета или неисправност на продуктот при инсталација, оддржување при користење и чување во услови поинакви од они кои се назначени.
3. Промена или искинати делови на баркодот или гарантниот лист на продукт без овластување.
4. За оние продукти кои не можат да се заменат или им истекол гарантниот рок.
5. Серискиот број на продуктот или типот на продукт не одговара со оној назначен на гарантниот лист.
6. Без претходно овластување од Energy Intelligence, да се врши промена на структурата на продуктот, негово несоодветно користење, негрижа и неправилно одржување, обиди за неовластени поправки и злоупотреба.
7. Оштетување на продуктот, злоупотреба, како предизвикување на краток спој, напојување со повисок напон од наведениот, прекумерно користење, висока температура, поливање со вода, механичко оштетување, оксидација односно зарѓаност итн..
8. Штета направена при транспорт во моментот на носење на поправка.
9. Неисправност на продуктот или оштетувања сторени при виша сила или force majeure како што се земјотрес, пожар, поплава, грмотевица итн.
10. Неисправност на продуктот или оштетување кое е причинето од надворешен проблем, освен дизајн на уредот, технологија, квалитет, производство итн.
11. Додатоците не се вклучени во опсегот на бесплатни поправки.
Оваа регулатива влегува во сила од датумот на издавање.
Energy Intelligence ќе го задржи конечното толкување на правото и негова ревизија.